Нови проблеми за Лапорта: Барселона ги стопира преговорите со Гави и Араухо

Младите Гави и Араухо се наметнаа во првиот тим на Барселона и клубот сака долгорочно да ги задржи на „Камп Ноу“ со нови договори. Меѓутоа, до овој момент тоа се покажува како тешка задача бидејќи преговорите се застој.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека во моментов Барселона не може да ги исполни условите кои менаџерите на овие двајца важни фудбалери ги поставиле. 17-годишниот Гави и 23-годишниот Араухо имаат договор со Барселона само на уште една сезона и со актуелните договори се едни од најмалку платените фудбалери во тимот.

Логично агентите бараат многу повисоки плати, а тоа е проблем за Барселона. Каталонскиот гигант има финансиски проблеми и се обидува да ги намали расходите. Гави во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која многу клубови се спремни да ја платат.

Се вчитува...