Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, има еден проблем повеќе откако дозна дека нема да може да смета на услугите на играчот за врска Лукас Билја. Аргентинецот се пожали на воспаление на тетивата и ќе мора да одмори десетина дена, пред да може повторно да конкутира за составот.
„Билја има воспаление на тетивата на левата нога, тоа е болна повреда која ќе го оддалечи од терените одреден период“, изјави докторот на Милан, Џанлука Мелегати.
Лукас Билја сигурно ќе го пропушти гостувањето на Милан во Грција против АЕК во Лигата на Европа, како и мечот од Серија А против Сасуоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА