Реал губи уште еден Аргентинец

Десеткратниот шампион во Евролигата, Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми. По заминувањето на еден од нивните најдобри бекови, Факундо Кампацо во НБА лигата, пред истиот пат е и Габриел Дек, за кого има интерес во клубови од НБА-лигата.

Крилниот кошаркар има договор со Реал до крајот на сезоната, но се уште нема добиено понуда за продолжување на соработката, па постои можност доколку ништо не се промени да ја плати излезната клаузула и замине во најдобрата лига на светот. Габриел Дек оваа сезона бележи скромни 5.7 поени и 3.1 скока по натпревар во Евролигата, но неговата најдобра страна е одбраната, која не може да се одмери преку статистика. Аргентинецот во САД се почесто го споредуваат со неговиот сонародник Андрес Ночиони, кој помина осум сезони во НБА лигата.

Отсуството на Факундо Кампацо беше видливо на дуелот во Москва против ЦСКА, а доколку уште еден клучен играч го напушти Реал Мадрид, Пабло Ласо ќе мора да бара нови засилувања.

Се вчитува...