Нови проблеми за Зидан – Првотимец на Реал Мадрид позитивен на коронавирус

Еден член на првиот тим на Реал Мадрид е позитивен на коронавирус, пренесуваат шпанските медиуми. Не е објавено за кој фудбалер станува збор, но само се знае дека е некој од тие кои беа дел од победата над Хуеска.

Поради позитивниот резултат сите членови на тимот направиле нови тестови чии резултати се очекуваат. Дефинитивно фудбалерот кој е позитивен нема да настапи на мечот против Интер во Лигата на шампионите, а Зинедин Зидан се надева дека останатите тестови ќе бидат негативни како би можел да смета на фудбалерите за натпреварот на кој „кралевите“ мора да победат.

Се вчитува...