Новиот договор потпишан: Винисиус останува „крал“ до 2027 година

Реал Мадрид заврши уште една голема работа за иднината, потпишувајќи нов долгогодишен договор со Винисиус Жуниор, бразилскиот ас кој е еден од најстандардните првотимци на Карло Анчелоти во последните натпреварувачки сезона. „Кралевите“ подолго време преговараа со бразилскиот репрезентативец, кој денеска и официјално го потпиша договорот со важност до 2027 година, со клаузула за раскин од една милијарда евра.

Винисиус пристигна во Мадрид во јули 2018 година, на 18-годишна возраст, настапуваше најпрвин за младинскиот тим на „кралевите“, а нешто подоцна беше прекомандуван и во првата екипа. Тој досега има настапено на 235 средби за Реал Мадрид, псотигнувајќи 63 гола и освојувајќи девет трофеи. Најзначаен дефинитивно е неговиот гол од финалето во Лигата на Шампионите минатата година, со кој Реал славеше над Ливерпул со 1-0 и се закити со европската круна.

„Кралевите“ покрај Винисиус во нападот го имаат и Родриго, а триото Бразилци ќе биде комплетирано во јануари, кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне и Ендрик, новото „чудо од дете“ чиј трансфер е договорен уште пред извесно време и како што тоа беше случај и со Винисиус, се чека да наполни 18 години за да може да се пресели во Мадрид.

Се вчитува...