Новиот „крал“ во Шпанија е Бензема – Срушена доминацијата на Меси и Роналдо

Изминатата деценија и половина во шпанскиот, па дури и европскиот фудбал, ја обележаа Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Но, на сè му доаѓа крајот, па дури и на нивната доминација на Пиринејскиот полуостров. Роберт Левандовски ја доби наградата „ФИФА“ за најдобар фудбалер во 2020 година, пред Роналдо и Меси, а по долго време, еден од нив не ја доби една од најпрестижните награди во шпанскиот фудбал, наречена „Алфредо ди Стефано“.

Карим Бензема оваа година ја сруши ваквата доминација, добивајќи ја ваквата награда. Францускиот напаѓач е еден од најзаслужните за титулата во „Ла Лига“, а оваа година го престигна Роберто Карлос на вечната листа на странски играчи со најмногу настапи во мадридскиот гигант.

Наградата „Алфредо ди Стефано“ многу ми значи. Се чувствувам среќен и горд што добив награда за сè што направив во клубот од 2009 година. Ова е вистинско задоволство“ – рече Бензема.

Се вчитува...