Новиот премиер го враќа Ѓоковиќ на Австралија опен?!

Новак Ѓоковиќ би можел во јануари да се врати на Австралија опен, пренесуваат австралиските медиуми. Новиот премиер на оваа земја Ентони Албанезе, би можел да ја укине забраната за влез која што ја доби од три години Србинот, бидејќи е голем фан на тенисот.

Ѓоковиќ во јануари доби тригодишна суспензија за влез во Австралија поради кршењето на визниот режим. Медиумите пренесуваат дека Албанезе не сака турнирот да биде ослабен со неиграњето на Ѓоковиќ. Премиерот е близок со раководството на тениската федерација на Австралија и подготвен е да направи се како би ја укинал забраната за Ѓоковиќ.

Од тениската федерација велат дека одлуката не е во нивна надлежност, но очекуваат дека Ѓоковиќ ќе игра на следниот Австралија опен.

Се вчитува...