„Новиот Санчо“ игра за Валенсија, а го бара пола Европа

Уште еден од низата млади фудбалски таленти кои привлекуваат внимание на себе е и Јунус Муса, играчот на Валенсија кој во октомври треба да наполни 18 години, а веќе зад себе има седум настапа во Премиера каде изминатиот викенд постигна и гол против Гетафе.

Крилниот играч кој помина седум години во младинската школа на Арсенал, настапуваше и за младинската селекција на Англија, но на крајот се одлучи да го облече сениорскиот дрес на САД, каде што воедно е и роден, сега привлече внимание и од европските великани. Тој е на радарот на Јирген Клоп, Ливерпул веќе се распрашува за цената на овој играч кој многумина го споредуваат и со Џејдон Санчо. Покрај актуелниот шампион на Англија, интерес има и од други великани како Реал Мадрид, Барселона и Борусија Дортмунд.

Валенсија претходното лето го доведе Муса од Арсенал, а сега е на прагот добро да заработи од овој трансфер.

Се вчитува...