Новиот селектор на Тунис: Не размислував ниту за миг…

Евр Ренар е стратегот што се нафати на одговорната функција – да биде селектор на Тунис во продолжението од овој мундијал откако на доскорешниот кормилар Сабри Ламуши му беше врачен отказ по фијаското и убедливиот пораз од Шведска од 1-5.

Постоеја најави дека наследник на Ламуши ќе биде член од неговиот стручен штаб, но во последен момент планот се промени, па за селектор беше именуван Ренар, кој пред четири години како селектор на Саудиска Арабија го зеде скалпот на големата Аргентина.

„Играме со Јапонија в сабота, но мораме да се фокусираме само на нас самите. Имаме доволно време да се подготвиме, Прво нешто што им реков на момците е дека главите мора да им бидат исправени, да бидат горди бидејќи играат за својата земја на ова големо натпреварување. Предизвикот е голем, но кога ме повикаа од репрезентацијата не размислував ниту за миг, веднаш ја прифатив понудата. Во фудбалот секогаш постои надеж, а пред нас се две средби на кои ќе сториме се за ги израдуваме навивачите. Го познавам Ламуши лично и секогаш кога ќе се случи вакво нешто, се ставам во негова положба, впрочем и мене ми се има случено нешто случно. Знам колку го боли и можам да порачам дека заслужува поголема почит“, истакна Ренар.

Се вчитува...