Новиот тренер ги разбуди заспаните “милионери“

Отказот на тренерот Фавр делуваше како добра шок-терапија за Борусија Дортмунд откако „милионерите“ вечерва славеа со 1-2 на незгодното гостување во Бремен против Вердер. Новиот стратег Терзиќ реши да го стартува мечот со тинејџерот Мукоко во нападот во отсуство на повредениот Халанд, а офанзивниот пристап му се исплатеше со победничкиот гол на Ројс, откако капитенот на Борусија натрча на топката по промашениот пенал и ја смести во мрежата.

Многу интересно беше во Франкфурт, каде Ајнтрахт прокоцка предност од 3-1 на дуелот со Борусија Менхенгладбах. Штиндл беше херојот на Борусија, со голови во 90. и во 95. минута комплетирајќи го својот прв овосезонски хет-трик и спречувајќи пораз на својот тим.

Штутгарт во самиот финиш се врати од негатива од 0-2 против Унион Берлин, спасувајќи бод за конечни 2-2 со двата гола на Калајџиќ во 85 и во 93. минута од натпреварот.

Резултати Германија:

Ајнтрахт – Борусија М. 3-3, Херта – Мајнц 0-0, Штутгарт – Ун. Берлин 2-2, Вердер – Борусија Д. 1-2.

Се вчитува...