Новите дресови на Реал се со уникатен изглед (ФОТО)

Никој не знае дали и кога ќе продолжи фудбалската сезона во Шпанија, но клубовите веќе почнаа од технички аспект да се подготвуваат за 2020/2021.

Реал Мадрид веќе го избра и новиот дизајн на дресовите за следната сезона, а се појавија и фотографии од тоа како ќе изгледа опремата на најтрофејниот европски клуб. Вообичаено, првиот дрес е бел, а новост е изгледот на ракавите, на кои ќе се најде комбинација од розова и темно сина боја.

Гостинскиот дрес на Реал ќе биде со розова боја, а третата комбинација е црна, исто така со розови линии на ракавите.

Се вчитува...