Новицки: Иднината на германската кошарка е „розева“

Кошаркарската репрезентација на Германија стигна до бронзениот медал на Европското првенство на кое беа домаќини. По 17 години Германците се радуваа на медал, а последен пат кога стигнаа до одличје на големите натпреварувања беа предводени од Дирк Новицки.

Токму легендарниот кошаркар на Далас Маверикс вели дека иднината на германската кошарка е „розева“.

„Мислам дека кошарката во Германија сега стана малку повеќе „се*си“. Трендот оди во позитивна насока. Имаме одличен тим и многу кошаркари кои играат во најсилните светски лиги. Мислам дека нашата иднина е розева“, изјави Новицки. 

Се вчитува...