Ново „чудо од дете“ на Барса: Дојде со “ќесе“ на “Камп Ноу“, даде гол и си замина со такси

Ансу Фати ги полни насловните страници со своите погодоци во дресот на Барселона, но каталонскиот гигант паралелно со Фати развива уште едно „чудо од дете“, Педро Гонзалес Лопез – Педри.

Станува збор за играч кој настапува на плејмејкерската позиција и кој добива се поголема доверба од Роналд Куман. 17-Годишниот Педри влезе во игра на синоќешниот дуел со Ференцварош и успеа да се запише и меѓу листата на стрелците, а фановите покрај фудбалските квалитети се импресионирани и од скромноста на овој млад играч.

Имено, тинејџерот пристигнал на „Камп Ноу“ со ќесе во рацете на „Камп Ноу“, а по објавувањето на фотографијата тргна сеирот дека тој морал да си купи нешто од супермаркет за да има за да си однесе дома по мечот, кога се ќе биде затворено. По мечот се појави и нова фотографија од Педри, овојпат како со такси заминува од стадионот додека неговите соиграчи го напуштаат паркингот во луксузни автомобили.

 

Се вчитува...