Агентот Жорже Мендеш му препорачал на новото раководство на Њукасл да го ангажира Џенаро Гатузо за нов тренер на клубот во пресрет на нивниот нов фудбалски проект.
Италијанецот летово беше на прагот да замине во Тотенхем, но преговорите пропаднаа и на крајот на негово место дојде Нуно Еспирито Санто.
Гатузо е без работа, на крајот од минатата сезона го напушти Наполи, со кој не успеа да обезбеди плсаман во Лигата на шампионите.
Тој не е единственото име на листата на желби на новото раководство на Њукасл, но наводно сега е на врвот на истиот со Пол Фонсека и Лусиен Фавр. Исто така, уште многу други имиња се во игра, како што се споменуваа и Роберто Мартинез, Леонардо Жардим, Стивен Џерард, Френк Лампард и Еди Хау.
Дали Гатузо е најдоброто решение? Па, сигурно има и подобри, како на пример Ерик тен Хаг, но Холанѓанецот се уште нема намера да го напушти Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА