Ново „лудо турско дерби“ – Фенер го „шокираше“ Галатасарај (ВИДЕО)

Иако се далеку од врвот на табелата во турскиот шампионат секогаш се посебни дерби натпреварите меѓу Галатасарај и Фенербахче. Овојпат Фенербахче успеа во еден луд натпревар да слави на гостувањето кај Галатасарај со 1-2.

Навивачите на Галатасарај мора да бидат незадоволни бидејќи нивните „миленици“ беа подобар противник, а во финишот покрај тоа што со ВАР им беше поништен гол, во 90. минута успеаја да ја погодат стативата.

Казната дојде во 94. минута кога Креспо ги казни. Претходно Актуркоглу донесе водство за домаќинот во 16. минута, додека на 1-1 израмни Месут Озил во 31. минута. За издвојување е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на Фенер Тисеранд во 83. минута, како и црвениот на тренерот на Галатасарај, Фатих Терим по примањето на вториот гол на неговиот тим.

 

 

Се вчитува...