Синот на поранешниот македонски репрезентативец и кошаркарска легенда Перо Антиќ, Лука Антиќ, го прави првиот чекор кон градење кариера надвор од играчкиот терен.
Лука Антиќ ќе биде дел ќе биде дел од тренерскиот тим на Академија ИБА и ќе работи како помошник на екипата до 16 години.
Најстариот син на легендата на македонската кошарка, има искуство од настапи во сениорска конкуренција и тоа за екипите на Феникс и Вардар, но одлучи на 19 години да стави крај на играчката кариера и да се посвети на тренерската професија.
За младиот Лука Антиќ ова е можност да стекнува искуство, да работи со нови генерации кошаркари и да ги развива сопствените тренерски идеи. Дали ќе тргне по стапките на својот татко и ќе стигне до големите европски сцени останува да покаже времето.
Едно е сигурно – презимето Антиќ и понатаму останува присутно во македонската кошарка, но овојпат во нова улога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
