Ново признание за Ива Пројковска: Ќе суди во Лигата на шампионите

Нема одмор за нашиот најдобар женски фудбалски судија, интернационалката Ива Пројковска. Туку што се врати од Осло каде го судеше квалификацискиот натпревар за настап на Европското сениорско првенство во јули во Англија меѓу Норвешка и Полска, а веќе доби нова покана, подобро ново признание од судиската комисија на УЕФА.

Пројковска во недела, на 24. април, нa Велигден ќе биде четврти судија на првата полуфинална средба во Лигата на шампионите во Лион меѓу домашниот Олимпик и Пари Сен Жермен. Главен судија е Ивона Мартиниќ од Хрватска, а помошници  Соња Каршиќ од Хрватска и Сташа  Спур од Словенија.

Интересно е да се напише дека пред десетина дена, исто така во Лион, одговорен за безбедноста на мечот во Лига на Европа меѓу Олимпик Лион и Вест Хем (0-2) беше комесарот за безбедност на ФФМ Роберт Марковиќ.

/М.М./

Се вчитува...