Ново ракометно чудо – Косово ја шокираше Романија

Ракометната репрезентација на Косово ја направи најголемата сензација во квалификациите за Европското првенство во 2022 година откако денеска на гостински терен славеше над Романија со 25-30. Дека ремито од првиот натпревар кој го играа пред неколку дена не е случајно, ракометарите на Косово го покажаа и на овој меч во кој во ниту еден момент не ја доведоа својата победа во прашање.

Ивица Обрван имаше одлично деби на клупата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина која стигна до значаен триумф  на домашен терен над Австрија од 27-21.

 

Се вчитува...