Ново реми за Ливерпул, се топи позитивата пред Сити

Ливерпул вторпат во низа ремизираше (1-1), овојпат на гостувањето против Вест Хем и предноста во однос на Манчестер Сити на врвот на табелата во Премиер – лигата се стопи на само три бода. Тимот на Јирген Клоп сега има 62 бода, а „граѓаните“ се доближија на 59.

Садио Мане во 22.минута донесе водство за Ливерпул, но само шест минути подоцна одговори и домаќинот. Мајкл Антонио успеа да ја погоди мрежата на Алисон Бекер.

Мохамед Салах одамна не е во посакуваната форма, а тоа се ефектуира веднаш и на резултатите на Ливерпул.

Се вчитува...