Ново шоу на Роналдо, но реакцијата на неговата мајка го обиколи светот (ВИДЕО)

Португалија синоќа ја совлада Швајцарија со 4-0 во 2.коло од групата А2 од Лигата на нации. Прво име на натпреварот беше Кристијано Роналдо, кој постигна два гола во 35. и 39. минута, а уште еден беше поништен на отворањето на вториот дел.

На стадионот „Хозе Алваладе“ беше присутна и неговата мајка Марија Долорес дос Сантос Авеиро (67), позната по емотивните реакции кога нејзиниот син е доминантен на теренот.

И по првиот и по вториот гол, мајката на Роналдо не можеше да ги контролира емоциите и „бурно“ се расплака. Таа во 39. минута дури и неконтролирано плачеше, што за момент дури и остануваше без воздух.

 

Се вчитува...