Ново шоу во НБА лигата – Шутерската пресметка помеѓу Адетокумба и Дурент припадна на Милвоки

Кошаркарите на Милвоки на домашен терен го совладаа Бруклин со 117-114. Бруклин подобро го отвори мечот и имаше предност од девет поени по првите 12 минути игра. Предноста се стопи до паузата, а Бакс беше водечкииот тим (+3).

Двата тима се менуваа со водството во текот на второто полувреме, но кога Бакс поведоа на почетокот на четвртиот период, тие успеаја да ја одржат предноста до крајот и да дојдат до големата победа.

Милвоки до триумфот го предводеше Јанис Адетокумбо со неверојатни 49 поени со осум скока и четири асистенции и Крис Мидлтон со 26 поени на кои додаде 11 скока и шест асистенции.

Адетокумба запиша 49 поени, Кевин Дурент, пак, одговори со 42 поени, осум скока и две асистенции. Кајри Ирвинг даде 20 поени. Милвоки сега е на третото место на Истокот со резултат 40:24, Бруклин е пласиран една позиција повисоко и од резултат 43:22.

 

 

Се вчитува...