Новогодишна трампа меѓу Барса и Јунајтед: Погба оди во Каталонија, Де Јонг негова замена во Манчестер?

Веќе неколку недели се шпекулира за можно заминување на Де Јонг од Барселона, а една од можните дестинации за подмладокот на фудбалската школа на Ајакс е Манчестер Јунајтед, кој сигурно ќе остане без Пол Погба.

Поранешниот англиски фудбалер Џон Барнс го истакна талентираниот холандски играч за врска како нешто што му треба на Јунајтед по заминувањето на Погба и дека член на познатата генерација на Ајакс од сезоната 2018/2019 е идеален за тимот на Ралф Рангник.

Барнс го опиша играчот од средниот ред на Барселона како „идеално купување“, а младоста и талентот ги смета за големи предности.

„Де Јонг има сè кога станува збор за фудбалер со врвен квалитет и брз интензитет на играта, тој е играч со силен став. Тоа е се што му треба на Јунајтед“, истакна Барнс.

Тој смета дека доаѓањето на Де Јонг на „Олд Трафорд“ би ја зголемило самодовербата кај неговиот поранешен соиграч Дони Ван де Бек, кој со години и денови игра бледо во редовите на „црвените ѓаволи“.

Договорот на Де Јонг со Барселона истекува дури на крајот на јуни 2026 година, а јасно е дека многу работи ќе мора да се поклопат за да се реализира овој трансфер.

Се вчитува...