Новогодишни пакетчиња за најмладите во Академија Пандев

Традиционално, како и секоја година, ФК Академија Пандев им подели новогодишни пакетчиња на најмалите членови на фудбалската школа во Струмица. Дедо Мраз им ги подели пакетчињата, а децата имаа шанса и да се дружат и со нивните фудбалски идоли од сениорскиот тим. Со заедничката дружба со најмладите, составот на Академија Пандев ја испрати успешната 2019 година и со многу позитивна енергија ја пречекува новата 2020.

Се вчитува...