Новопечениот младински репрезентативец со трансфер во Адана Демирспор

Новиот македонски репрезентативец Арда Куртулан, направи трансфер во Адана Демирспор кај Јован Манев. Куртулан од Фенербахче заминува во Адана, во потрага по поголема минутажа.

Станува збор за играч со македонски корени, кој доби шанса да игра за младата селекција на Драган Канатларовски на двата пријателски натпревари против БИХ одиграни на крајот од минатиот месец.

Куртулан заигра за Македонија, иако за него во тек е издавањето на документи, за да може да игра и на официјални натпревари за македонскиот национален тим. Куртулан е играч кој ги мина младинските категории на Фенербахче. Има 19 години, и игра на крилните позиции во нападот, но и како најистурен.

Инаку во договорот на Куртулан, има клаузула во која стои дека Фенербахче може да го врати во секое време назад, со соодветно обесштетување.

Се вчитува...