Новото правило на ФИФА на дело: Исланѓанец се „влечкаше“ при измена, па …

ФИФА воведе неколку нови правила во пресрет на СП 2026, а едно од нив видовме на дело на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Јапонија и Исланд.

За што станува збор? Исландскиот репрезентативец Кристијан Хлинсон се влечкаше при излегувањето од терен, а согласно новите правила фудбалерите мора да излезат за максимум десет секунди. Хлинсон ја надмина оваа граница, па според правилата – играчот што требаше да влезе на негово место мораше да чека до следниот прекин во играта, и тоа за најмалку 60 секунди…

Да е уште поинтересно, Јапонија ја искористи оваа минута со играч повеќе и токму во тој период го постигна победничккиот гол, дело на Сугувара.

За потсетување, ФИФА се реши да воведе неколку нови правила токму во знак на борба против бесполезното трошење на време. Овие правила се применуваат токму од овие контролни натпревари, за фудбалерите да се адаптираат за почетокот од претстојниот мундијал.

Се вчитува...