Новото засилување на Барса се посрамоти на претставувањето (ВИДЕО)

Барселона успеа да го победи Баерн Минхен во трката по Сержињо Дест, договарајќи го трансферот на американскиот дефанзивец од редовите на Ајакс. Станува збор за десен бек за кој сериозен интерес покажаа двата европски гиганти, а Ајакс ја искористи ситуацијата за да осигура што подобра цена за десниот бек. На крајот, пресудна беше понудата на Барселона во висина од 20 милиони евра, плус дополнителни три милиони евра преку неколку клаузули.

Тој денеска беше претставен пред навивачите на клубот, но очигледно не се снајде баш најдобро. Имаше големи проблеми при жонглирање на топката, што веднаш стана мета на подбив во светот.

 

Се вчитува...