Новото засилување на Вардар два месеци без право на настап

Иако пред една недела беше промовиран како ново засилување, Никола Ристески ќе почека за неговиот настап во Вардар барем до крајот на ноември.

Ристески ќе нема право да игра во следните два месеци, поради правилата на ФФМ. Раскинот на Ристески со Ренова е надвор од преодниот рок, и така ќе мора да чека во следниве два месеци за да настапи за „црвено-црните“.

Десниот бек пред една недела потпиша со Вардар, практично враќајки се во својот матичен клуб. Во минатото Ристески беше дел од Работнички и Борец.

Се вчитува...