Нухиу и Дрита во карантин, ќе следи ли службен пораз поради коронавирус?

Натпреварот од претквалификациите за Лигата на Шампионите меѓу Дрита и Линфилд нема да се игра денеска, објави УЕФА, по два позитивни тестови на Covid-19 на фудбалерите на Дрита.

Тренер на косовскиот шампион е Адријан Нухиу, а за овој тим настапуваат и тројца фудбалери од Македонија, Адријан Цуцули, Изаир Емини и Бунјамин Шабани. Според одлуката на УЕФА, целокупната експедиција на Дрита е ставена во карантин, а по новите тестирања што ќе бидат извршени во текот на утрешниот ден ќе биде донесена и конечната одлука дали мечот ќе може да се игра, или Линфилд ќе забележи службена победа.

Овој турнир од претквалификациите за ЛШ се одржува во Швајцарија, Дрита претходно во полуфиналето го совлада тимот на Интер Ескалдес со 2-1, додека Линфилд беше подобар од Тре Фиори, триумфирајќи со 2-0.

Се вчитува...