Шкендија загуби со 2-1 на гостувањето против Силекс, прв овосезонски пораз за тетовскиот клуб кој останува на делба на првото место на табелата заедно со тимот на АП Брера.
Тренерот Ардијан Нухиу не го криеше разочарувањето од исходот на дуелот во Кратово, особено бидејќи според него Шкендија покажала многу повеќе на теренот.
„Знаевме дека ќе дојде и тој ден кога ќе го имаме првиот пораз, но лично мислам дека го загубивме натпреварот во кој бевме подобар пртоивник. Покажавме квалитет во играта, добро ја движевме топката, креиравме шанси. Примивме гол, успеавме да се вратиме, потоа тргнавме и по втор гол за да ги освои трите бода, но за жал примивме нов погодок во смамиот финиш. Исто како што претходно стигнувавме до победи во завршницата, денеска стигна казната“, изјави Нухиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА