Њујорк го укина правилото за вакцинирани спортисти, но за Ѓоковиќ сè уште постои голем проблем!

Новак Ѓоковиќ полека но сигурно ги закажува настапите на претстојните турнири во Европа и светот. Србинот е во центарот на вниманието уште од депортацијата од Австралија, а годинава настапи само на турнирот во Дубаи.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс го укина правилото според кое само вакцинираните спортисти можат да натпреваруваат во градот, а тоа значи дека е отстранета уште една голема пречка за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот можен настап на Ју-Ес Опен.

Адамс кажа дека неговата одлука била со цел да се помогне во подобрување на економијата, зашто невакцинираните спортисти ќе можат да играат дуели на домашен терен.

„Со поставување на нашите домашни тимови во рамноправна положба ги зголемуваме нивните шанси за победа и имаме вистинско влијание за нашиот град“, кажа Адамс.

Меѓутоа, иако Њујорк ја отвори вратат на Ѓоковиќ, сè уште не е надминат главниот проблем, а тоа е што не можат странски државјани кои се невакцинирани да влезат во САД.

Се вчитува...