Њукасл донесе одлука околу иднината на Хау

Донесена е одлука околу иднината на менаџерот на Њукасл, Еди Хау. Сопствениците на клубот имаа состанок на кој се решаваше судбината на менаџерот, со оглед на слабата сезона во Премиерлигата.

Доколку не се случи нешто неочекувано, тогаш Хау ќе ја предводи екипата и во следната сезона. 48-годишниот тренер сака да остане на „Сент Џејмс Парк“ и ја задржа поддршката од страна на газдите.

Одлуката да се задржи Хау беше донесена по разговорите оваа недела во кои учествуваше делегација од 25 членови од Јавниот инвестициски фонд (PIF) на Саудиска Арабија, кој е мнозински сопственик на Њукасл.

Сите страни признаа дека сезоната не беше доволно добра и не треба да се повторува, но преговорите се сметаат за успешни и доведоа до консензус за иднината на главниот тренер.

Се вчитува...