Њукасл експресно се врати во Премиер-лигата

Њукасл успеа во зацртаната цел – експресно да се врати во Премиер-лигата веднаш по ланското испаѓање од елитното англиско фудбалско друштво. Рафа Бенитез минатото лето реши да остане во клубот и да помогне во камбекот, а целта беше реализирана откако „црно-белите“ вечерва славеа со 4-1 над Престон, осигрувајќи си го второто место на табелата кое носи билет за Премиер-лигата.

Перез постигна два гола за Њукасл, Атсу беше стрелец на еден погодок, исто колку и Ричи (од пенал), сосема доволно за убедлива победа и огромно славје меѓу фановите на „Сент Џејмс парк“.

Само за потсетување, пред Њукасл пласманот во Премиер-лигата го обезбеди и тимот на Брајтон, додека за третото место кое води во елитното друштво вообичаено се игра плејоф меѓу екипи што ќе ја завршат сезоната во Чемпионшип од третата до шестата позиција.

All Goals HD – Newcastle United 4-1 Preston… by soccerhub365

Се вчитува...