Њукасл купи второлигашки играч од Србија за еден милион евра

Изненадувачки трансфер пристигнува денеска од фудбалска Англија, откако Њукасл потпиша договор со 19-годишниот српски фудбалер Миодраг Пиваш.

„Црно-белите“ во српскиот тинејџер гледаат фудбалер за иднината и нема дилема дека најпрвин ќе тренира со младинскиот тим, но изненадувачки е што Њукасл го избра токму Пиваш за ново засилување иако овој играч нема ниту една минута во Првата српска фудбалска лига. Станува збор за „дете на Војводина“, но клубот од Нови Сад не ги препозна неговите квалитети, по што тинејџерот се пресели во второлигашка конкуренција облекувајќи го дресот на Јединство.

Прв човек на Јединство е поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Челси, Немања Матиќ, кој ги искористи контактите во Англија за да го комплетира трансферот на големиот талент.

Како што јавуваат српските медиуми,  Јединство ќе заработи еден милион евра од овој трансфер, одличен мотив за овој клуб да продолжи да инвестира во развој на млади и перспективни фудбалери и во иднина.

Се вчитува...