Њукасл лошо си помина на „Итихад“

Манчестер Сити загуби во минатото коло на гостувањето кај Саутемптон, а бесот го истури на Њукасл на „Итихад“. Тимот на Пеп Гвардиола славеше со 5-0 и буквално го прегази противникот. Гостите немаа речиси никакви шанси за успех на овој меч.

Габриел Жесус во десеттата минута го отвори резултатот, а Ријад Марез во 21.минута зголеми на 2-0. Во вториот дел уште три гола во мрежата на Мартин Дубравка. Федерико Фернандез си постигна автогол, а во финишот стрелаа и Давид Силва и Рахим Стерлинг.

Барнли славеше на гости кај Вест Хем со 0-1, со голот на Џеј Родригез, а Шефилд Јунајтед со гол во судиското продолжение го доби Вулверхемптон со 1-0. Стрелец беше Џон Еган.

Се вчитува...