Њукасл не застанува: Со 95 милиони евра тргнува по Кварацхелија

Њукасл очигледно има големи амбиции во новата сезона, не само во Премиерлигата, туку и во Лигата на шампионите. По потписот на Сандро Тонали за 80 милиони евра, газдите на англискиот клуб сакаат уште еден „капиталец“.

Станува збор за одличното крило на Наполи, Квича Кварацхелија, за кого се подготвени да дадат 95 милиони евра, за да го привлечат да дојде на „Сент Џејмс Парк“.

Во меѓувреме менаџерот на Њукасл, Еди Хау призна дека тимот е ограничен со финансии.

„Засега не сме блиску до ништо. Работиме максимално и имаме потреба од нови засилувања. Но, и не располагаме со огромен буџет. Затоа треба да бидеме креативни на трансфер пазарот“, рече Хау.

Кварацхелија пред неколку дена се споменуваше дека ќе го продолжи договорот со Наполи.

Се вчитува...