Њукасл потпиша голман кој испадна од Премиер-лигата

Њукасл ангажираше нов голман за наредната натпреварувачка сезона, потпишувајќи четиригодишен договор со англискиот репрезентативец Ник Поуп. Тој доаѓа од редовите на Барнли, тим со кој испадна од Премиер-лигата, но Поуп беше една од ретките светли точки во оваа екипа.

Финансиските детали не се обелоденети, но медиумите тврдат дека Њукасл платил почетни 10 милиони фунти за да го осигура пристигнувањето на еден од најдобрите англиски чувари на мрежата.

„Сега кога сум овде, едвај чекам да почнам со тренинзи и натпревари со Њукасл. Разговорите траеја неколку седмици и пресреќен сум што беа средени сите детали и што ми беше овозможено да дојдам овде“, изјави 30-годишниот Поуп по потписот на договорот.

Се вчитува...