Њукасл поведе, па го налути Тотенхем

Тотенхем го демолираше Њукасл со преубедливи 5-1, резултат со кој избраниците на Антонио Конте ја продолжуваат трката со Арсенал за четвртото место на табелата кое води во Лигата на Шампионите.

Интересно е што Њукасл беше тимот што прв стигна до предност на денешниот дуел, откако Шар од слободен удар го надмудри Љорис. Радоста траеше кратко бидејќи Тотенхем веднаш израмни преку дефанзивецот Бен Дејвис, на асистенција на Сон, по што домашните фанови можеа да уживаат во гол-шоуто на своите миленици во вторите 45 минути.

Доерти беше стрелец на водечкиот гол за 2-1, по што на 3-1 зголеми Сон на асистенција на Кулушевски. Четвртиот погодок на Тотенхем беше дело на Емерсон Ројал, додека конечните 5-1 ги постави „резервистот“ Бергвајн, кој влезе во игра токму на местото на Ројал.

„Спарси“ моментно се наоѓаат на четвртата позиција со 54 бода, исто колку и Арсенал, но имаат и одиграно два меча повеќе од градскиот ривал.

Се вчитува...