Њукасл влегува во трката за потписот на Аркадиуш Милик

Премиерлигашот Њукасл влегува во трката за фудбалерот на Наполи, Аркадиуш Милик. Како прв фаворит за Полјакот се споменува Тотенхем Хотспур кој сака да доведе замена за Хари Кејн. Покрај Тотенхем како кандидат за неговиот потпис се споменува и италијанската Рома, но само доколку Един Џеко го напушти „Олимпико“.

Сепак во трката за неговиот потпис се приклучи и тимот од „Сент Џејмс Парк“  кој сака да доведе класа фудбалер како би можел што побрзо да ги разреши дилемите околу опстанокот во елитата.

Милик во Неапол стигна во 2016 година од редовите на холандскиот Ајакс. Тој за клубот запиша 98 настапи на кои 38 пати се запишуваше во листата на стрелците.

Се вчитува...