Њуксал Јунајтед фудбалерот кој го продаде за 650 илјади евра ќе го враќа назад за 30 милиони

Њукасл Јунајтед не успеава да стигне до трансфер на големо име во своите редови па погледот го насочи кон играчите кои ги задоволуваат критериумите за настап во Премиерлигата. Таков е Иван Тони, 26-годишниот напаѓач кој беше дел од составот до 2018 година.

Тони не успеа да се наметне во „црно-белиот“ дрес па по неколкуте позајмици во нисколигашите замина во редовите на Петерсбург Јунајтед за 650 илјади евра. Оттаму неговата кариера се врати во нагорна линија, во 2020 година со 24 гола беше најдобриот стрелец во третата лига па премина во Бретфорд за 5 милиони евра, а следната сезона во Чемпионшип постигна 33 гола и го трасираше патот до „елитата“.

Претходната сезона настапи на 33 натпревари во Премиерлигата, а натпреварувањето го заврши со 12 гола и 5 асистенции. Во меѓувреме неговата цена на трансфер пазарот се искачи на 35 милиони евра па Њуксал ќе мора да го „одврзе ќесето“ за да го врати во своите редови.

Се вчитува...