„Нула“ за перформансот на Карим Бензема против Барселона

Реал Мадрид е се подалеку од шампионската титула во Ла Лига откако по поразот во дерби натпреварот со Барселона негативата на табелата се искачи на 12 бода. „Кралевите“ кои мора да слават на „Камп Ноу“ по мечот наидоа на жестоки критики во шпанската јавност, а фокусот е ставен на Карим Бензема.

Францускиот голгетер потфрли во натпреварот против каталонците, а „Ас“ за изданието во „Ел Класико“ го оцени со нула.

„Бензема повторно беше невидлив. Ништо не направи. Не ја прима топката и не може да ја наметне својата игра во казнениот простор. Карим е многу далеку од брилијантната верзија на играч кој ја освои Златната топка“, пишува Ас.

Се вчитува...