Нуњо Мендеш жестоко казнет за црвениот картон

ПСЖ остана без трофејот во Супер-купот на Франција, а проблем плус за тренерот Луис Енрике претставува црвениот картон што го заработи Нуњо Мендеш.

Стандардниот лев бек ги загуби нервите во самиот финиш и со лакотот удри во лицето еден противнички фудбалер, поради што доби максимална казна од три натпревари неиграње.

Казните од суперкупот автоматски се пренесуваат на француското првенство, па така португалскиот дефанзивец нема да може да биде во тимот на ПСЖ на стартот од новата сезона.

Тој ќе го пропушти премиерниот меч против Рен закажан за недела, како и наредните два дуели во кои ПСЖ за ривали ќе ги има Лил и Монако, дуели на кои Енрике најверојатно на лев бек ќе стартува со Хернандез.

Интересно, ПСЖ требаше да биде домаќин на Рен на стартот на сезоната, но поради очајните услови за играње на теренот на „„Паркот на принцовите“ беше договорено да се сменат домаќинствата, па „светците“ одбраната на титулата наместо од Париз ќе ја стартуваат од Рен.

Се вчитува...