Нури Сахин објави крај на кариерата, Турчинот продолжува да работи како тренер

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Реал Мадрид, Нури Сахин, објави крај на својата фудбалска кариера, и покрај тоа што пред само еден месец наполни 33 години.

Тој неодамна беше назначен за играч-тренер на турскиот Анталијаспор, но одлучи дека е подобро да се фокусира само на неговата работа како тренер.

„Нема повеќе да играм фудбал“, рече тој за медиумите во Турција.

Турскиот играч за врска потекнува од школата на Борусија (Дортмунд), а играше и за Феенорд и Вердер (Бремен).

Се вчитува...