Нуркиќ со „Лини тунс“ ја поздрави елиминацијата на Грин и Голден Стејт (ВИДЕО)

Елиминацијата на Голден Стејт Ворирос во плеј-инот од разигрувањето за титула во НБА лигата беше драматично проследена во медиумите во Соединетите американски држави, ознајчувајќи крај на една ера за тимот кој изминатата деценија владееше со најсилното кошаркарско првенство.

А, пак истата ја прослави репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ кој на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) објави видео од популарниот цртан филм „Луни Тунс“ и познатата рефренца „That’s all folks“.

Нуркиќ во текот на сезоната влезе во конфликт со кошаркаркот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин кој го удри Нуркиќ без причина па доби и суспензција. Оттогаш Американецот и Босанецот се во постојано препукувања преку социјалните мрежи.

Се вчитува...