Нуркиќ жестоко го нападна претседателот на Ц. Звезда – „Кога ќе ве нападне криминалец, тогаш…“ (ВИДЕО)

Кошаркарот на Портланд Треилблејзерс и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ жестоко го нападна претседателот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, Небојша Човиќ.

Човиќ во една ситуација изјави дека никогаш не може да се случи Нуркиќ да игра за Црвена Звезда. Следеше одговор од Нуркиќ кој изјави дека кога криминалци ве напаѓаат, знаете дека правите нешто добро.

„Кога криминалците ве напаѓаат, тогаш знаете дека правите нешто добро, нели? Немам многу да кажам за тоа. За мене има само еден клуб во Белград, а тоа е Партизан, така што сигурно не би можел да играм за Звезда, сакал или не“, изјави Нуркиќ.

Се вчитува...