Нурмагомедов: Конор не е достоен за реванш, а Мејведер е стар за да може да ми парира

Еден од најпопуларните борци во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, ја затвори вратата за евентуална нова пресметка со Конор Мекгрегор по хаосот што настана при нивниот дуел во Лас Вегас. Голем дел од јавноста очекуваше нова пресмета меѓу Дагестанецот и Ирецот, но Нурмагомедов јасно стави до знаење дека плановите за иднината не му се во тој правец.

Сакаат борбасо Конор, но тој не заслужува шанса за титулата поради начинот на кој загуби од мене. Се предаде, доминирав против него во сите аспекти на борбата, практично низ целиот меч. Го разбив во секоја смисла на зборот, па затоа да му дадам реваш ми нема никаква смисла“ – истакнува Хабиб.

Како една од опциите за следен предизвик за дагестанскиот борец останува дуел со боксерската легенда Флојд Мејведер, борба која би му донела најголема заработувачка на Нурмагомедов.

Флојд е стар. Би ми било тешко да се борам со младите лавови во боксот како Головин или Канело, тие момци се многу опасни. Мејведер има 41 или 42 години, а луѓето не разбират како годините влијаат врз спортистите, особено врз борците. Покрај тоа, Мејведер е и многу ситен, мислам дека би немал никакви шанси против мене, но ќе видиме што ќе се случува“ – порача Нурмагомедов.

Ако се реши за битка со ривал од УФЦ шампионатот, Нурмагомедов разгледува две опции.

Во плановите сигурно не ми е Нејт Дијаз, кој има наад 10 пораз, нема кој не го тепал во нашиот спорт. Жорж Сан Пјер е интересна опција, легенда на спортот, многу го почитувам. Тоа би била добра борба за нас, за навивачите, но и за заработувачка. Исто така тука е и Тони Фергусон, уште еден ас со кој би можеле да приредиме спектакл“ – истакнува Хабиб Нурмагомедов.

Се вчитува...