Нурмагомедов: Ни нудат 15 милиони долари за нова борба со Конор, но бараме 30 милиони

Таткото на шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов во изјава за руските медиуми информираше дека добиле понуда од УФЦ за 15 милиони долари да прифатат реванш борба со поранешниот шампион, Конор Мек Грегор.

Но, како што вели, во договор со неговиот син одлучиле да не прифаќаат реванш за сума помала од 30 милиони долари.

„Од УФЦ ни понудија реванш меч против Конор Мек Грегор за 15 милиони, но ние бараме 30 милиони.  На Конор може да му порачам дека сме подготвени за реванш, но ако го сакаа – треба 30 милиони долари“ – вели стариот Нурмагомедов.

За првата борба Конор заработи повеќе од 50 милиони долари, а борбата собори многу рекорди. Нема сомнеж дека еден таков реванш меч сега ќе донесе многу повеќе пари. Но, Дана Вајт мора да одлучи дали ќе го одврзе ќесето. Во моментов и двајцата ММА борци се казнети од Атлетската комисија на Невада. Во јануари ќе дознаат колку време ќе трае на казната, а колку ќе биде и глобата што ќе треба да ја платат.

Се вчитува...