Нуров не успеа да стигне до бронзата на ЕП во борење

Македонскиот репрезентативец Магомедгаџи Нуров не успеа да стигне до бронзениот медал на Европското првенство во борење кое се одржува во Нови Сад, Србија.

Нуров, во категоријата до 97 килограми – слободен стил, во битката за третото место загуби од Грузиецот Елизбар Одикадзе со 0-10, останувајќи на крајот без одликување на шампионатот.

Од останатите македонски репрезентативци на првенството, натурализираниот Македонец Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми загуби од Русинот Јавор Угуев со 3-5 уште во првото коло. Бобан Савев во категоријата до 86 килограми на стартот загуби од турскиот борач, Селим ЈАШАР, носител на сребрен медал од ЛОИ во Рио.

Се вчитува...