О’Саливен: На Хамилтон не му е место меѓу најдобрите спортисти на сите времиња

Најдобриот снукер играч во историјата, Рони О’Саливен не е сигурен дека Луис Хамилтон заслужува да биде во групата на најдобри спортисти во историјата. Тој смета дека освојување на седум титули во Формула 1 е големо достигнување, но покрај возачот голема улога тука има и возилото.

„Тешко ми е да го одредам местото на Луис во историјата. Имам гледано многу асови кои мораа да дојдат до многу победи против голема конкуренција. Од друга страна го имате Хамилтон кој вози формула која е за секунда побрза од сите други. Единствен озбилен конкурент му е неговиот тимски колега Ботас кој уште пред да стартува сезоната е задоволен со второто место. Јас не би се чувствувал убаво доколку победувам ако дупките на масата за мене се поголеми“, изјави О’Саливен. 

Хамилтон со триумфот во Истанбул стигна до седмата титула во Формула 1 со што се израмни со легендарниот Михаел Шумахер на врвот на вечната листа.

Се вчитува...