Обамејанг: Арсенал има силна желба да се врати во Лигата на шампионите

Арсенал на „Емирати“ го совлада Манчестер Јунајтед со 2-0 изминатиот викенд и го прекина победничкиот чекор на составот на Оле Гунар Солскјер. „Топчиите“ се вратија на четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите и тоа, како што вели стрелецот на вториот гол Пјер – Емерик Обамејанг, е главната цел на тимот до крајот на сезоната во Премиер – лигата.

„Имавме силна желба да го сопреме Манчестер Јунајтед. Тие се во страшен налет и среќни сме што успеавме во тоа. Уште поголема е нашата желба да избориме пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Тоа е нашата главна дел до крајот на првенството“, изјави Обамејанг.

Арсенал по 30 одиграни кола во Премиер – лигата има 60 бода, два повеќе од петтопласираниот Манчестер Јунајтед, а доцни еден зад Тотенхем, кој е на третата позиција.

Се вчитува...