Обамејанг му кажа да на Манчестер Јунајтед

Габонскиот интернационалец Пјер Емерик Обамејанг, е пред преминување во Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми. 30- годишниот напаѓач се договорил со раководството на тимот од „Олд трафорд“ каде треба да пристигне како замена за Ромелу Лукаку.

Тој во Арсенал дојде пред 18 месеци за сума од 54 милиони фунти, а минатата сезона за тимот од „Емирејтс“ постигна 31 гол на 51 натпревар, со што беше најдобар фудбалер на „топџиите“.

Се вчитува...